Проектот “Филмскиот град на Џон Малкович“ ќе се разгледува во владата

Изградба на филмски град во општина Карпош - проект на холивудскиот актер Џон Малкович. Проект анализата од министерството за транспорт и врски ќе биде адресирана до владата, уште утре.

Таму ќе се донесе конечната одлука за ова веќе најавена инвестиција во индустрија која не е развиена кај нас. Министерсот Бочварски вели за да се остври проектот ќе биде потребна и логистика на локалната власт.

Дали Холивуд ќе дојде во скопски Карпош градоначалникот Јакимовски вели дека поддржува инвестиции, но крајниот збор го кажува општинскиот совет, а  во општина Карпош проблематично е екипирањето на мнозинството потребно за усвојување одлуки. 

Флимски град во Карпош идејата превизка бурни рекации во домашната јавност откако ултра позниот холивудски актер Џон Малкович најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови веднаш откако ќе бидат изградени филмските студија. Малкович го најави својот план ова лето со надеж дека Владата ќе ја одбори Стоун бриџ студијата.

Холивудскиот актер со балканско потекло препознава во Македонија земја со драгоцени културни и историски вредности. Дали земјава ќе стане уникатна дестинација за филмската студија на Малкович доправа ќе се одлучува.