Проекции на три филма од циклусот посветен на Чарли Чаплин, утре и задутре во Кинотека
Foto

Проекции на три филма од циклусот посветен на Чарли Чаплин, утре и задутре во Кинотека

Кинотека денеска соопшти дека временските (не)прилики изминативе денови ги одложија проекциите на три филма од циклусот посветен на Чарли Чаплин под отворено небо во дворот на Кинотеката. Насловите „Детето“, „Светлините на велеградот“ и „Светлините на сцената“ ќе бидат прикажани во нови термини, утре и задутре.

Публиката утре со почеток во 21 часот, ќе може да го погледне црно-белиот игран филм „Детето“ („The Kid) од 1921 година. Режијата и сценариото се на Чарли Чаплин. Во филмот покрај Чаплин, играат и Една Первианс и Џеки Куган.

Според програмата, утре вечер со почеток во 22:15 часот е црно-белиот игран филм од 1931 година, „Светлините на велеградот“(City Lights). Режијата и сценариото е на Чарли Чаплин.  Во филмот играат Чарли Чаплин, Вирџинија Черил, Флоренс Ли, Хари Мајерс.

В среда, во 21:00 часот ќе биде прикажан играниот филм од 1952 година „Светлините на сцената“ (Limelight). Режијата и сценариото се на Чарли Чаплин. Улогите ги толкуваат  Чарли Чаплин, Клер Блум, Најџел Брус и Бастер Китон.

– Последниот американски филм на Чаплин ја раскажува приказната за еден комичар во мјузикли, чија слава и кариера полека избледуваат, и за еден балетски танчер со самоубиствени мисли. Обајцата мораат да се потпомогнат меѓусебно за да најдат цел и надеж во нивните животи… Главен момент во филмот е класичниот дует на Чаплин со неговиот единствен вистински ривал во филмската комедија – Бастер Китон. „Светлините на сцената“ е нивното заедничко простување од ерата на немиот филм, пантомимата и комичните филмови во кои остварија величествени кариери и успеси, соопшти Кинотека.

Филмовите се за сите возрасти. Влезницата е 100 денари.

0 Коментари

Остави коментари