Проекции и анализи за буџетот 2024
Во 2024 година економијата ќе се стабилизира, капиталните инвестиции ќе се зголемат, а буџетскиот дефицит ќе се намалува. Министерот за финансии Фатмир Бесими, и една недела по објавување на Предлог буџетот за догодина уверува дека тој е развоен и ќе придонесе за солиден раст на Бруто домашниот производ.
Тоа ќе биде остварливо, бидејќи Бесими потенцира дека се водел и оваа година од принципот на таканареченото „златно правило.“
„Нашата цел е секој иден буџет да има изразена развојна компонента, а воедно да биде и фискално одржлив, односно буџети скроени според златното правило во јавните финансии (инвестиции повисоки од дефицитот).“ - напиша во колумна на министерот за финансии Фатмир Бесими.
„Златно правило“
2020 Капитални инвестиции 16. 115 милијарди денари Буџетски дефицит 53.867 милијарди денари
2021 Капитални инвестиции 23.408 милијарди денари Буџетски дефицит 38.885 милијарди денари
2022 Капитални инвестиции 28.637 милијарди денари Буџетски дефицит 35.511 милијарди денари
Но, официјалните податоци токму од Министерството за финансии го покажуваат спротивното, во последниве три години буџетскиот дефицит е поголем од реализираните капитални инвестиции. Во 2020та имало капитални инвестиции кои биле на ниво од нешто над 16 милијарди денари наспроти речиси 54 милијарди денари буџетски дедфицит. Годината потоа, релиси 24,5 милијарди денари инверстиции буџетски дефицит од без малку 39 милијарди денари дефицит. Лани, повторно иста состојба златното правило на владата само на хартија. Ништо подобра не е состојбата и годинава. Заклучно со месец ноември буџетскиот дефицит е поголем од капиталните инвестиции за 33 милиони евра.
Ниту развоен а ниту поголем економски раст може да се очекува од буџет кој има функција главно да осигура социјален мир, вели за ТВ 24 економистот Абил Бауш.
„Ако ми речете дека ние утре ќе инвестираме во здравство, во образвование, во инфраструктура, во земјоделие во одредени сектори, тогаш да ќе кажам дека има развојна компонента. Но во оваа ситуацција буџетот е трошковен и тоа е лошо затоа што овој буџет моѓе да генерира и инфлација.“ - вели Бауш.
Во однос на стопанството, и покрај предизвиците со кои се соочува домашната економија, Бесими вели дека покажано е високо ниво на отпорност а тоа е доволно за да се испорача раст на БДП. Но, од бизнис секторот велат дека власта треба повеќе да биде посветена на поддршка на приватниот сектор.
„Проблемот е тоа што секоја година во ноември или декември предвидуваме капитални инвестиции буџет, развоерн буџет итн, а потоа во идната година повеќе пати се прават ребаланси на буџетот на тој буџет и се кратат средствата на тој буџет за капиталните инвестиции кои претходно се планирале. “ - вели Орце Симов потпретседател на ССК.
За догодина економскиот раст според проекциите на владата се дека тој ќе се искачи на 3,4 отсто. Но, прогнозите на меѓународните и домашните финансиски институции се далеку пониски од на централната власт.