Продолжуваат протестите против дивата депонија Вардариште
И денеска во 18 часот е закажан нов протест против загадувањето на воздухот во Скопје, а особено во Ново Лисиче и Аеродром. Аеродромци добија поддршка во протестите и блокадите и од жителите на Маџари.
За утре изутрина закажана е нова блокада на Мостот Близнак во седум часот и триесет минути, од каде ќе почне маршутата на граѓаните и ќе заврши до дивата депонија Вардариште. Истото ова се случуваше и во саботата.
Од здружението Стоп за смрдеата во Аеродром и Ново Лисиче велат дека немаат намера да се откажат од протестите се додека не се стави крај на загадувањето.

