Продолжуваат преговорите меѓу Скопје и Софија до последната минута пред Советот на министри
Foto

Продолжуваат преговорите меѓу Скопје и Софија до последната минута пред Советот на министри

Како се одбројуваат деновите до 17ти ноември , се поизвесно е бугарско вето на македонските преговори со ЕУ. Седумчасовните разговори меѓу македонскиот и бугарскиот државен врв, вчера во Софија завршија без договор, само со нови условувања од Каракачанов. Додека во Брисел денеска амбасадорите на земјите членки, дискутираат за преговарачката рамка, бугарскиот вицепремиер по испраќа нова порака. 

„Македонските колеги сфатија дека Бугарија не се шегува. Тие разбраа дека нема кој да нè притиска за да го смениме нашиот став. Она што е ново од вчера е што колегите од Скопје разбраа многу јасно дека сакаме јасни гаранции за спроведување на договорот за пријателство од 2017 година и дека нема да го заобиколат. Дали ова ќе биде нов договор, анекс или протокол – не е важно. Не брзаме, има уште неколку дена до донесувањето на конечната одлука“. - Красимир Каракачанов вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија.

Македонија и Бугарија ќе разговараат интензивно во наредните денови , вели премиерот Заев . Според него од прашањето со Бугарија нема да се прави националистички спектакл.

„Искуството од преговорите со Грција ми кажува дека вистинско решение е ако двете страни излезат како победници, сега уште не сме стигнале дотаму во разговорите со Бугарија, ќе продолжиме да разговараме но не преку јавни препукувања. Ќе информираме суштински, но нема да правиме шоу. Удирањето во гради е атрактивно но не ја зголемува шансата за решение“. - Зоран Заев премиер на РСМ.

Нема компромис околу правото на самоопределување порача вицепремиерот Димитров. Министерот Османи пак вчера за тв 24 негираше дека на вчерашниот состанок во Софија, македонската делегација добила порака од тимот на Борисов, да ги испорача барањата до петок за земјата да добие датум за преговори. 

Бугарската Влада вчера доби поддршка и од БАН – Бугарската академија на науките кои не ја одобруваат преговарачката рамка во сегашната состојба и ја поддршуваат владата на Борисов да ги блокира македонските преговори.

0 Коментари

Остави коментари