ПРОДОЛЖУВААТ НАПОРИТЕ НА ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ЗА ДОГОВОР ОКОЛУ НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО
Министерството за правда подготви нова верзија на законот за јавно обвинителство каде се ставени забалешките на преговарачките групи на власта и на опозицијата по лидерската среба меѓу Заев и Мицкоски. Тој ќе биде доставен до политичките партии, но и до меѓународната заедница. Министерката Десковска вели дека оваа верзија е можна опција за постигнување на консензус иако сега не мора да се брза со носење на законот зашто иднинатата на предметите на СЈО е обезбедена.
- „Тоа е наша добра волја да разговараме конструктивно заради заокружување на процесот на носење на законот и реформите во правосудството, за да не оставиме можност било која членка на ЕУ да даде забелешка за отворање на преговорите. Правиме сѐ за да не дадеме можност за одложување на датумот за преговори. Случувањата последните две недели, (предавање на предметите и истрагата за рекет), ја елиминираа ургентноста од носење на Закон за ЈО, но сметаме дека е добро што поскоро да се донесе овој закон“ - рече Дескоска.
Дека решение мора да се најде и да се донесе новиот закон за јавнот обвинителство, без оглед што предметите на СЈО веќе одат под надлежност на јавниот обвинител, порача и премиерот Заев.
Од преговарачкиот тим на Мицкоски за тв 24 велат ќе ги разгледаат измените кога ќе стигнат до нив, но повторуваат дека нема да правата компромиси со кои ќе се овозможи власта да се спаси од одговорност.
Странските дипломати им порачаа на политичарите што побрзо да најдат решение за Специјалното јавно обвинителство, чија иднина треба да се запише во новиот закон за јавно обвинителство.
За работата на Специјалното јавно обвинителство се уште не е најдено конечното решение. Треба да се најде решение што е можно побргу. Политичарите да се договорат како ова ќе се реши на еден независен начин. Законската одговорност, односно правната основа на случаите на СЈО мора да биде дефинирана.
По фијаското на лидерската средба во вторникот, Заев и Мицкоски се обвинуваат меѓусебе кој сака да заштити криминал – лидерот на ВМРО ДПМНЕ од предметите на СЈО или пак премиерот за аферата Рекет. Сепак порачаа дека не се откажувата од напорите да се договорат.