Продолжуваат иранско-израелско-американските спротивставени ракетни напади

Масовни експлозии во Техеран ги разбудија Иранците, додека војната на САД и Израел против Иран влегува во втората недела без знаци на забавување...

Повеќе од 80 борбени авиони на израелската авијација нападнале воени локации, ракетни лансери и други цели во Техеран и централен иран...Ракетиран бил и главниот аеродром во престолнината како и неколку болници во градот...

Армија на Израел

„Армијата започна голем бран напади врз инфраструктурата на терористичкиот ирански режим во Техеран и Исфахан. “

Иран не се предава...Од Револуциуонерната гарда соопштија дека беспилотни летала се насочени кон Израел .. Нападнати се и воени бази во Обединетите Арапски Емирати и Кувајт каде се сместени американски војници .. Во меѓувреме, Иранскиот претседател порача дека заливските држави повеќе нема да бидат цел, освен ако нападот врз Иран не започне од таму..Официјален Техеран сепак ја предупреди Европа дека ќе биде легитимна цел на иранските ракети ако се приклучат на војната на страната на САД и Израел... 

Масуд Пазешкиан – претседател на Иран

„Сакам да им се извинам на нашите соседи кои се цел на напад. Поради злобниот напад врз нашата држава, го загубивме нашиот врховен лидер и многу наши сограѓани. Вооружените сили, кога командантите беа убиени, извршија операции кои беа неопходни за да ја заштитат нашата држава. “

Доналд Трамп пак најави дека денеска, Иран ќе се соочи со особено силни напади...Тврди и дека се зголемува листата на лица кои може да бидат елиминирани...

Доналд Трамп – претседател на САД

„ Поради лошото однесување на Иран, сериозно се разгледува целосно уништување на одредени области и групи кои до овој момент не се сметаа за цели  “ 

А додека на Блискиот Исток од ден на ден расте бројот на жртви, во овалната соба, Трамп ги собра на молитва христијанските верски лидери во САД ..На видеото, Американскиот претседател е опкружен со пастори и евангелистички лидери , кои се молеле за водство и заштита за државата во војната со Иран. ..

Критична е состојбата и во Либан....Израерлската армија повторно нареди присилно раселување за жителите на југот на земјата...Во последната серија напади врз државата, пријавени се повеќе од 20 смртни случаи...Не се откажува ниту Хезболах ..Организацијата тврди дека нивни борци нападнале Израелска воена база...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупредува дека воена ескалација што се шири низ Блискиот Исток и Персискиот Залив, многу лесно може да излезе надвор од сечија контрола...

Антонио Гутереш – Генерален секретар на ОН

„Незаконските напади на Блискиот Исток и пошироко предизвикуваат огромно страдање и штета на цивилите низ целиот регион и претставуваат сериозен ризик за глобалната економија, особено за најранливите.“

Војната меѓу САД и Израел од една и Иран од друга страна влијае и врз светската економија...Цените на американската сурова нафта го забележаа најголемиот неделен раст досега, поттикнати од ескалацијата на конфликтот .. Поратстот на цените следува откако американскиот претседател побара безусловно предавање на Иран, зголемувајќи ги стравувањата од продолжување на конфликт и хаос на глобалните пазари на нафта и гас..Војната веќе доведе до речиси целосен застој на бродскиот транспорт во ормутскиот теснец, клучната поморска рута за снабдување со енергенси... Катарскиот министер за енергетика неодамна предупреди дека цените на суровата нафта би можеле да достигнат 150 долари за барел во наредните недели ако танкерите не можат да поминат низ теснецот...