Продолжува вербалната војна СДСМ- ДУИ, Заев се закани дека ќе ја освои и шестата изборна единица
Foto

Продолжува вербалната војна СДСМ- ДУИ, Заев се закани дека ќе ја освои и шестата изборна единица

Нови меѓусебни пораки на релација СДСМ и ДУИ по вчерашното официјално предизборно коалицирање на Заев и Касами.

Од партијата на Ахмети денеска со потсетување до Заев за тоа  како што велат кој му помогнал  да направи влада, но и да не се заборави дека не смее победникот од албанскиот блок да не биде дел од идната влада, бидејќи во спротивно тоа ќе значи непочитување и претопување на вољата на гласачите од албанскиот блок. 

Заев пак од Бихаќка денеска со порака до сеуште актуелниот владин коалициски партнер дека победник на следните избори ќе биде новата  коалицијата на СДСМ и Беса и тие ќе одлучат со кого ќе ја правеле  идната влада. Кандидатските листи пак најави дека ќе ги обелоденат на 9 ти март.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак за сега се уште прават внатрепартиски анализи за кандидатските листи но најавија и дека кога ќе дојде време ќе информираат за евентуалните коалиции.

Сепак ставот на партијата до сега беше дека предизборно не планираат коалиции со партии од албанскиот блок . ДУИ за сега останува на ставот дека сами ќе го трчаат изборниот процес, а веќе е познато дека Села и Гаши заеднички ќе ги трчаат изборите. ДПА на Тачи за предизборие за сега не гледа коалициски партнер во некоја од партите од македонскиот блок. 

0 Коментари

Остави коментари