Продолжува судењето за случајот „Штекли“
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за случајот Раде Трајковски „Штекли“.
На минатото рочиште, заврши сослушувањето на вештите лица од Oбвинителството. Судечкиот совет најави дека ќе ги разгледа сите вештачења и ќе донесе одлука на денешното рочиште. Од исходот ќе зависи дали предметот ќе биде даден на супер вештачење или ќе продолжи главната расправа.
Обвинението, поднесено од Обвинителството за гонење на организиран криминал, опфаќа вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага во која биле применети посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години. Според Обвинителството, групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги, од набавка до продажба на кокаин и марихуана.

