Продолжува судењето за „Онкологија“
Во Кривичниот суд продолжува судењето против поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, обвинети за злоупотреба на службената положба, измама и проневера.
Пред почетокот на рочиштето беше констатирано дека не се исполнети услови за изземање на обвинителката Ана Гоговска Јакимовска откако одбраната претходно го бараше тоа. Судот го одби и барањето за изземање на вештакот на обвинителството Елизабета Дамевска Јовановска. Вработена на шалтер на Онкологија сведочеше дека на сите одобренија за терапија од условен буџет се потпишувал обвинетиот медицински директор Нино Васев.

