Продолжува судењето против поранешниот генсек Мухамед Зекири
Во Кривичниот суд ќе продолжи судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири, кој е обвинет за незаконски склучени договори во четири очи со што ја оштетил државната каса за 1,5 милиони евра.
Судењето започна во декември, а на првото рочиште зекири рече дека не се чувствува виновен.
На денешното рочиште се очекува да започне изведувањето на материјалните и вербалните докази, преку кои, одбраната на Зекири во првото рочиште, истакна дека ќе ја докаже неговата невиност.