Продолжува собраниската расправа за избор на нови министри во владата

Остра реторика со навредлива содржина. Лични препукувања од собраниската говорница и денеска вака течеше расправа во законодавниот дом за изборот на новите министри.

Опозицијата критикуваше речиси за сите владини политики, а малку дискутираше за новите министри - власта пак ги бранеше проектите на Илинденска, но и како што велат новиот владин реконструиран состав.

Расправата за новите министри почна кон крајот на минатата недела откако беа разрешени министрите на Алтернатива. Парламентарното мнозинство се преброја во гласањето со 65 пратеници откако пратеникот Скендер Реџепи гласаше за разрешување на Сали но против разрешувањето на Алити и Чупа.

Вака парламентарното мнозинство за сега брои само еден пратеник повеќе откако не гласаа огнените, тројцата пратеници на Алтернатива , и Павле Трајанов но за тоа во гласањето учествуваа 8 те пратеници на Алијанса за Албанците и Скендер Реџепи.