Продолжува штрајкот во Обвинителството

Продолжува штрајкот во Обвинителството. ОД УПОЗ велат дека добро е што е формирана работна група за да се решат нивните барања но преговорите не смеат да се одолговлечат.

Од синдикатот на јавните обвинителства пак велат дека доколку инситуциите мислат дека може да се пазарат со нив, тогаш грешат. Остануваат на своите барања за покачување на платите од 78 проценти и им порачуваат на надлежните институции сериозно да ја сфатат ситуацијата.