Продолжува серијата порази за Голден стејт
Foto

Продолжува серијата порази за Голден стејт

Трикратниот НБА шампион во последните пет години и минатогодишен финалист, Голден стејт вориорс продолжува со слабите игри оваа сезона. „Воините“ ноќеска загубија од Шарлот и го запишаа четвртиот последователен пораз и вкупно 19. во лигата.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта среда кон четврток:

Шарлот – Голден стејт 106:91

Детроит – Милвоки 103:127

Орландо – Феникс 128:114

Атланта – Бруклин 118:130

Бостон – Мајами 112:93

Чикаго – Мемфис 106:99

Оклахома – Индијана 100:107

Далас – Минесота 121:114

Јута – Лос Анџелес лејкерс 96:121

Портланд – Сакраменто 127:116.

Со биланс 19 победи и три порази лидери во двете конференции се ЛА лејкерс (Запад) и Милвоки бакс (Исток).

0 Коментари

Остави коментари