Продолжува протестот организиран од УПОЗ: 988 вработени немаат земено декемвриска плата

Продолжуваат протестите, денеска дел од вработените во Државниот завод за статистика го изразија својот револт. Бараат потпишување на колективен договор како идодаток на плата за 30 проценти. 

Од УПОЗ, и возвратија на Владата и ја  повикаа да започне преговори за решавање на проблемот и ги демантираа обвинувањата за политизација на протестите.ја потсетија министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска дека оставила без плата 988 вработени во најдолгиот месец од годината - се работи за вработените во сите инспекторати во државата. 

Додека Синдикалците од УПОЗ беа надвор, во Владата беа повикани од Независниот синдикат на државната администрација на средба, тие пак посочија дека го изразија својот револт од нетранспарентното зголемување на платите за едни а за други не. 

Од Владата потенцираат дека протестите се политички мотивирани, повикаа на дијалог потсетувајќи дека пари во буџетот за покачување на платите нема.