Продолжува прекинот на железничкиот сообраќај
Железничкиот сообраќај во државава и натаму е во прекин. Машинскиот и извршниот персонал во железници транспорд продолжуваат со бојкотот се до исполнување на барањата за исплата на материјалните трошоци, како и на првиот дел од платата за февруари.
Патничките и товарните возови не сообраќаат од вчера попладне откако машинскиот и извршниот персонал повтортно го активираа бојкотот од минатата недела. Раководството на транспорт оцени дека станува збор за незаконски штрајк, што не бил најавен писмено.

