Продолжува потрагата по Вања, вклучен и „Интерпол“

Четвртти ден се трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска. Информацијата за неа е проширана и во земјите од регионот. 112 е бројот на кој треба да пријавите доколку имате било каква информација која може да помогне. Податоците се ставени на Стоп-листа на граничните премини. Распишана е и меѓународна потерница од Интерпол, а деталниот опис е и во билтенот на МВР за исчезнати лица. Полицијата апелира да не се пласираат дезинформации со кои само може да се наштети. Во потрагата се вклучија и регионалните медиуми. Потоа најголемата и единствената организација за заштита на децата во Грција, „Насмевката на детето“ ја сподели информацијата за исчезнатата Вања. Информацијата е објавена и на платформата „Find Me“, која е дел од мрежата „Amber Alert“ во Европа. Од МВР за тв 24 велат дека продолжуваат разговорите со лицата кои се блиски на девојчето, се прегледуваат надзорните камери.. 

Потрагата продолжува. Посебен штаб на чело со началникот на СВР Скопје интезивно работи на расчистување на случајот. По расчистување на случајот ќе ја информираме јавноста, велат од МВР.

Поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски за тв 24, вели дека исчезнување на малолетни деца се случувало и во минатото, но во последните години бројот на исчезнати малолетни деца е зголемен. Ѓурчевски апелира полицијата да биде поприсутна на терен, а  граѓаните да соработуваат со полицијата.

 

Четвртти ден се трага по Вања. Последен пат е лоцирана на булевар „Партизански одреди“ спроти Универзална сала. Оттука трагата се губи.