Продолжува потрагата по тинејџерката која исчезна во водите на Вардар

Продолжува потрагата по тинејџерката која исчезна во водите на Вардар кај Уланци во Општина Градско. 16-годишната девојка трет ден ја бараат полициски службеници и армиските Волци со специјална опрема за нуркање и чамци. Таа во четвртокот попладне била однесена од реката додека се капела, заедно со друга повозрасна пријателка. Жената, која неколкупати се обидувала да и помогне беше пронајдена, но не и девојката.