Продолжува потрага по изчезнатата Вања Ѓорчевска

Трет ден трае потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која исчезна на пат кон училиште во скопската населба Дебар Маало. Полицијата објави нејзина фотографија со опис во билтенот за исчезнати, а нејзината фотографија се споделува и на социјалните мрежи. 

Вања исчезна завчера околу 07:20 часот на пат кон училиште. Последниот сигнал од нејзиниот телефон е лоциран на улицата „Партизанска“ спроти Универзална сала.