Продолжува комисиската расправа за предлог - буџетот за 2025 година
Ова е најгломазниот буџет во историјата, а ги нарекувавте „надуен балон“ буџетите кои беа за една милијарда пониски, кога ги предлагавме додека бевме на власт.
Вака опозицијата ја нападна власта на денешната собраниска седница на Комисија за финансирање и буџет, на која во второ читање се разгледуваше предложениот буџет за следната година. Пратениците од СДСМ обвинија дека власта на ВМРО-ДПМНЕ за пет месеци покажала неконзистентна политика. Кога СДСМ како власт предлагаше буџет од 5,5 милијарди евра, тоа за ВМРО-ДПМНЕ беше надуен балон, вели Благој Бочварски.
Ветувавте намалување на дефицитот, но наместо тоа за пет месеци го зголемивте, ветувавте намалување на задолжувањето, но и него го зголемивте, обвинија од СДСМ, кои прашаа како е можно власта да вели дека ќе троши повеќе, а во истовреме ќе штеди повеќе. Бочварски обвини дека во буџетот за 2025 ги нема ветените 250 милиони евра за општините.
За власта, во последните пет месеци јавниот долг опаѓа, а буџетот се полни.
Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, кој наместо наместо неговата шефица, присуствуваше на седницата, го обвини СДСМ дека последните месеци од владеењето намерно им оставиле големи долгови.
Пратениците од власта го бранеа буџетот дека е развоен, кој ќе покачел плати и пензии, дека проектот Бехтел и Енка ќе сереализирал и покрај тоа што се уште сметаат дека договорот со компанијата е скандалозен. НА седницата фолкрол беше и тоа кој е удбаш, кодош, војвода, комита, патриот и предавник, кој е на која страна од историјата, кој продавал пиперки и крадел струја, со која цел се смени името на државата.
Пратениците на СДСМ, кои поднесоа повеќе од 200 амандмани и кои очекуваат поголем дел да се прифатат, се изјаснија дек аќе гласаат против предложениот буџет.