Продолжува комисиската расправа по предлог ребаланост на Буџетот

Денеска ќе продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање.

Ова е трет ден собраниската Комисија за финансирање и буџет од општата, расправата да  продолжи со амандманска расправа.

По предлог ребаланост на Буџетот за 2026 година, поднесени се вкупно 224 амандмани, од кои од ДУИ – 87, СДСМ – 78, Левица – 51 и од Коалицијата ВРЕДИ осум амандмани.

Комисиската расправа за предложениот ребаланс на Буџетот спроед собранискиот деловник предвидено е да трае десет работни денови, по што оди на пленарна собраниска седница.