Продолжува изградбата на автопатот Кичево–Охрид, кинеската „Ексим банка“ го продолжи кредитирањето
Foto

Продолжува изградбата на автопатот Кичево–Охрид, кинеската „Ексим банка“ го продолжи кредитирањето

Кинеската „Ексим банка“ даде зелено светло за продолжување на  кредитирањето за доизградба на автопатската делница Кичево - Охрид.

Тоа значи дека следниот период интензивно ќе се работи на Автопатот долг 57 км. кој треба да биде готов до јуни 2021 година, вели премиерот Заев и додава дека со предвиденото темпо на реализација нема да има нови пробивање на роковите.

Актуелната Влада за овој проект веќе потпиша два анекса со кинескиот изведувач „Синохидро“, едниот за продолжување на рокот за изведба, а вториот за дополнителната сума што ќе треба да се одвои за изградбата на клучки, пристапни патишта, санација на косини, стабилизација на свлечишта, како и за довршување на тунелот „Пресека“.

Вицепремиерот Анѓушев најавува дека сега делницата ќе се гради со уште позабрзана динамика.

Првичната вредност на автопатот Кичево - Охрид беше 411 милиони евра, но поради потребата од изградба на нови клучки и пристапни патишта до населените места околу патот и поради проблемот со тунелот „Пресека“, се зголеми на 598 милиони евра.

90 отсто од вредноста на автопатот се финансира преку кинескиот кредит, додека останатите средства се обезбедени од државниот Буџет. Рокот за отплата на кредитот е 20 години, со 5 години грејс период. Изградбата на автопатот Кичево - Охрид започна на почетокот од 2014 година.

0 Коментари

Остави коментари