Продолжува истрагата за инцидентот на македонското небо без многу детали во јавноста

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти денеска на терен, започнува истарага и врши увид, се собира целосна документација, откако на 7-ми овој месец, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и „Сан-експрес“ избегнале судир на небото во близина на скопскиот меѓународен аеродром.

Истрагата треба да покаже која е приината, а доколку се утврди дека има кривично дело наодите треба да се достават до Основното јавно обвинителство. Комитетот не утврдува вина, туку причина која довела до ваков инцидент. 

Со оглед на сериозноста на овој настан, надлежен е Комитетот , но оттаму засега не откриваат никакви информации и детали со цел да се направел целосен увид по што ќе излезат со конретен и целосен извештај иако претходно, претседателот на Комитетот Зоран Илиевски, најави дека денеска ќе се направат потребните разговори, ќе се преслушаат снимките од разговорите на контролорите со пилотите на авионите,како и изјави од пилотите на авионите преку воздухопловните власти

Според М-НАВ, во пропишаниот рок поднесена е пријава за безбедосниот настан и укажаа дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури.

Здружението на контролори на летање, претходно излегоа со коментар дека прогласувањето на настанот за сериозен инцидент без проверка на факти не оди во прилог на правично расветлување на случајот. Стојат на ставот дека алатката „Флајт радар 24“, кој го следи движењето на сите авиони во светот, не е релевантна алатка за давање точна позиција во реално време.

Според анализата на „Флајт радар 24“ се работи за два авиони кои биле на висина од 36.000 стапки, а за краток интревал од 30 секунди е избегната катасрофа. Во последен момент, едниот авион се подигнал на висина од 36.325 стапки, додека другиот се спуштил на 35. 475 стапки, со што бил избегнат можниот судир. Според меѓународните правила за авиосообраќај, потребно е меѓу авионите во лет да постои вертикална далечина од најмалку 2.000 стапки.