Продолжува иницијативата „Отворен Балкан“
Foto

Продолжува иницијативата „Отворен Балкан“

Ова е историска можност и се надеваме дека ќе ја искористиме, порачаа претставницните на државите членки на иницијативата „Отворен Балкан“ кои денеска имаа нова средба.

Сите се сложни дека економската напредок и соработката ќе обезбедат просперитет за сите жители на регионот. За вицепремиерот за економски прашања никола димитров вели сите земји мораат да напредуваат и да градат поблиски меѓусебни односи.

„Имаше многу конфузија но сега сакаме стабилност. Регионалната соработка и отворениот балкан е главниот чекор кон еу.  Според моето искуство, билатералните односи можарт да се решат само доколку различните мислења се претворат во заеднички иницијативи.“ - изјави Никола Димитров.

Српската премиерка смета дека после европските интеграции, отвореноста и поврзаноста на државите од балканот е еден од најважните приорити за сите земји од иницијативата...

„Оваа иницијатива не е само убава, политичка идеја, туку е најдобра политика не само за нас туку и за нашите партнери од другите земји. Се надевам дека ова ќе го видат и останатите држави од регионот и ќе се приклучат на иницијативата.“ - изјави Ана Брнабиќ премиер на Србија. 

Дел од онлајн средбата беше и Американски пратеник за Балканот, Габриел Ескобар кој уште еднаш повтори дека САД се силни поддржувачи на секоја иницијатива која ќе доведе до напредок во регионот. Ги повика и останатите регионални држави кои се уште не се членки да се приклучат на иницијативата.

„Ние ја поддржуваме секоја иницијатива која обезбедува економска и регионална интеграција која води кон европската унија. Се надеваме дека иницијативата ќе буиде отворена за сите и дека сите ќе бидат еднакви партнери.“ - изјави Габриел Ескобар.

Албанскиот преиер Еди Рама пак смета дека нема потреба да се убедуваат останатите земји да се придружат на иницијативата, бидејќи и самите веќе можат да ги видат постигнатите резултати. Вели дека не може повеќе да се чека само на европската унија туку државите мора да тргнат напред.

„Не знам по кој пат Еу не ги исполни ветувањата кон Северна Македонија и кон нас. Ние не можеме да чекаме и мораме да одиме напред. Во интерес на сите земји е иницијативата да биде отворена идејќи тука се работи за правата на луѓето, за секојдневните проблеми со кои се соочуваме.“ - изјави Еди Рама.

Покрај политичкиот панел, на средбата ќе бидат презентирани и резултатите од регионалното истражување на јавното мислење како и резултати од економската анализа на иницијативата „Отворен Балкан“. Исто така, се очекуваат и разговори за економските ефекти од иницијативата.

0 Коментари

Остави коментари