Продолжува бојктотот во ОУ „11 октомври“
Родителскиот совет од ОУ „Лазо Ангеловски“, едно од најголемите училишта во Скопје каде учат 1.500 деца, продолжува со бојкот и денеска. Учениците не се на настава бидејќи институциите не го решиле проблемот со ученик со насилно поведение.
Од родителскиот совет велат дека не поставуваат ултиматуми детето да биде отпишано ниту пак го вперуваат прстот кон него, туку бараат да се заштитат правата на останатите деца.
Од Министерството за образование велат дека составиле интердисциплинарна комисија која ќе треба да одлучи како 8 годишното дете со насилно поведение ќе го продолжи својот образовен процес.
Третооделенецот беше префрлен во ОУ 11 Октомври но откако родителите дознале за неговото однесување, ја бојкотираа наставата .

