Продолжија протестите против Нетанјаху
Foto

Продолжија протестите против Нетанјаху

Илјадници Израелци синоќа демонстрираа пред резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, со што продолжија редовните неделни протести откако беа укинати ограничувачките мерки воведени поради епидемијата на коронавирусот.

Протестите беа прекинати минатиот месец откако Владата воведе нови мерки за справување со новото ширење на епидемијата. Израелците не можеа да патуваат Ерусалим на протести, туку можеа да учествуваат само во мали демонстрации на еден километар од нивните домови.

Демонстрантите вчера се собраа во центарот на Ерусалим и тргнаа кон службената резиденција на Нетанјаху, носејќи транспаренти со кои бараа оставка и извикуваа „Револуција“.

0 Коментари

Остави коментари