Продолжи комисиската рсправа за ребалансот на Буџетот
Комисијата за финансирање и буџет денеска ја продолжи седницата за ребалансот на Буџетот со два часа задоцнување.
Општата расправа за Ребалансот на буџетот трае најмногу три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, шест дена. Вчера, на првиот ден од расправата, министерката Димитриеска-Кочоска го образложи ребалансот, нагласувајќи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон.
Вкупните приходи во Ребалансот на буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

