Продолжена летна сезона во Охрид
Охрид атрактивен за туристите и во есен.Деновиве низ градот можат да се забележат бројни туристички групи од цела Европа, а во септември стандардно најчести гости се холанѓаните.Оваа година се почесто се среќават и туристи од Франција кои покажуваат интерес за посета и престој на Охридското Езеро.
,, Од Холандија сме и доаѓаме по 10 ти пат на одмор во Охрид.Самото тоа говори колку сме задоволни од сето она што го нуди овој град па доаѓаме веќе 10 пати.Се ни се допаѓа,особено луѓето,љубезни се и гостопримливи.- вели турист од Холандија.
,,Најчесто остануваме по една недела овде.Низ годините запознавме и се спријателивме со многу луѓе од овде па затоа патуваме и го истражуваме градот.Одморот овде ни е омилен." -вели туристка од Холандија.
,,Од Франција сум и првпат доаѓам овде,но ми се допаѓа. Ќе останеме уште два дена."
,,Првпат доаѓам овде во Охрид,воодушевена сум, езерото е прекрасно." вели туристка од Франција.
2023 дефинитивно е една од најдобрите туристички сезони велат од секторот.Но она што особено радува е дека истата траеше многу подолго од она на што сме навикнати, а кога и сега се забележуваат гости тоа е показател дека се движиме во добра насока вели универзитетскиот професор Сашо Коруноски.
Од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот информираат дека туристичкиот промет покажал раст и во вториот квартал за 2023 година и изнесува 136 милиони долари во македонската економија, со раст од 28% споредбено со истиот период 2022 година. Двата квартали во 2023 се со раст од 24% споредбено со претходната година.
За прв пат во првиот квартал на 2023 година, туризмот во македонската економија влеал 93 милиони долари, што е за 19% повеќе од 2022 година или 41% повеќе од 2019 година.