Продажбата на „Рено“ лани опадна за 21,3 отсто, кај „БМВ“ падот е 8,4 отсто
Foto

Продажбата на „Рено“ лани опадна за 21,3 отсто, кај „БМВ“ падот е 8,4 отсто

Производителот на автомобили „Рено“ во 2020 година забележа пад на продажбата од 21,3 отсто.

Групацијата лани има продадено 2,9 милиони автомобили. Падот на продажбата на групацијата е „главно како резултат на високата изложеност во земјите кои претрпеа строги ограничувања и прекинување на нивните трговски активности во вториот квартал, како и забавувањето во четвртиот квартал, особено во Франција“, прецизира „Рено“.

Во Европа, продажбата опадна за 25,8 отсто, на 1,4 милиони автомобили.

-Второто полугодие покажа подобра еластичност и добри перформанси на пазарот на електрични и хибридни автомобили, уверува директорот за продажба Денис ле Вот.

На крајот на декември, додаде тој, групацијата објави ниво на нарачки за 14 отсто поголеми од оние за 2019 година во Европа и ниво на залихи опаднати за 20 отсто.

Намалена продажба има и „БМВ“. Кај нив забележан е пад на продажбата 8,4 отсто. Причината за тоа е пандемијата на коронавирусот, бидејќи многу продажни места низ целиот свет беа затворени со месеци.

Сепак, побарувачката бележи благ пораст во четвртото тримесечје, зголемувајќи се за 3,2 насто во споредба со истиот период 2019 година, како што соопштуваат од компанијата.

0 Коментари

Остави коментари