ПРОДАЖБА НА ГРАДСКА КУЌА – ОБВИНУВАЊА НА РЕЛАЦИЈА ВЛАСТ ОПОЗИЦИЈА

Продажбата на Градската куќа и понатаму во клинч помеѓу власта и опозицијата. Шилегов потајно посакува градската администрација да ја префрли во објектот на ЕСМ, опозицијата обвинува за наводна бизнис зделка на Шилегов со приватен инвеститор со кој веќе се разговарало. Шилегов негира, било каков бизнис. Ја обвини опозицијата дека требало да го подучи Сашо Мијалков хотелот да си го изгради на местото каде што е сега Градската куќа како Шилегов би имал сега градска администрација на местото на хотелот на Мијалков.

Шилегов да одговори за бизнисите врзани за продажбата на Градската куќа побара опозицијата. Од таму обвинија декa Шилегов намерно испушти да ги пресмета комуналиите при вршење на проценката па сега ја сведува продажбата на 12,7 милиони евра имајќи во предвид дека биле потрошени над 20 милиони евра. Од опозицијата појаснуваат, дебатата е неизбежна како би се обелоденила вистината за продажбата на Градската куќа.

За тоа кој ќе ја купи барокната зграда и дали постои потенцијален кандидат Шилегов не открива. Ниту знае колкав временски период ќе помине додека се појави купувачот но ја повика опозицијата доколку сака да ја купат барокната зграда. На истата потрошени се милионски суми, додека едни граделе други продаваат, каков ќе биде исходот и дали објектот на ЕСМ ќе биде домот на градската власт ќе се знае откако ќе се продаде градската куќа.