Продадени четири одземени имоти на Мијалков - 332 илјади евра ќе се вратат во државниот буџет
Успешно е реализирана продажбата на одземени имоти на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.
Во државниот буџет ќе бидат вратени 332 276 евра со продажбата на конфискуваниот имот на екс директорот на УБК Сашо Мијалков. Успешно беше завршено јавното наддавање по електронски пат, односно трите стана кои се на улица „Славејко Арсов“, еден од 78 метри квадратни, два од 78 метри квадратни и гаража од 30 метри квадратни во Центар, изјави вчера директорот на Агенцијата за одземен имот, Дритон Небиу.
Како што извести директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, следниот период ќе се отвораат аукции и за другите недвижни имоти за кои има судска одлука.