Проблемот со должниците виси
Долговите на компаниите кон државата се создаваат поради задоцнето реагирање на институциите вели еден од најискусните даночни експерти за ТВ 24 Славчо Лазовски.
Управата за јавни приходи мора да превенира пред присилно да наплаќа, вели Лазовски и додава дека управата треба да ги препознае сигналите кои доаѓаат од сметките на компаниите, како што се намалување на приходите, наместо добивка извештаи со загуби, потоа намален промет, приход и слиучно. Добро е тоа што долговите се намалуваат, но самото објавување на должници од страна на УЈП не дава сериозен резулатат дека состојбите се подобруваат. Едни те исти се наоѓаат на тие листи како неплаќачи на даноци, додава Лазовки.
„Првите сигнали,л првите знаци штом се појават со некое намалување на овие параметри кај даночниот обврзник Управата за приходи мора брзо да реагира и да ги примени сите инструменти кои стојат на располагање за наплата. Уште пред да стигне во фазата за присилна наплата инструментите на УЈП се гаранцијата, оспорувањето, злоупотреба на договорните можности, оредени зделки да ги прогласи за против правни.“ - вели Лазовски.
УЈП редовно ја објавува листата на должници, компании кои доцнат или оддамна не платиле данок на државата. Директорката Сања Лукаревска во интервју за ТВ 24 вели дека нема повластени фирми, и на никој не му се прогледува низ прсти. Лукаревска, тврдеше дека државата ги искористува сите механизми од редовна и присилна наплата на должниците, но има и случаи кога тие се недостапни за органите на управата.
„Ние сме ги исцрпиле сите средства за присилана наплата. Таму имаме и странски државјани кои што се управители, за кои имаме контактирано со даночна адмионистрација со таа држава, за што повратно имаме добиено податок, што всушност немаат никакви податоци за конкретно физичко лице. Има одредени компании, даночни обврзници кои што буквално немаат никаков имот. Ниту движени ниту недвижен, имаат блокирани сметки. Ние ги имаме запазено сите рокови за присилната наплата и решенијата и блокадите, но состојбата е таква каква што е.“ - вели Лукаревска.
ТВ 24 веќе ообјави дека помеѓу најголемите должници се компании тесно поврзано со екс шефот на Агенцијата за разузнавања, Сашо Милајков. Станува збор за компанијата Дивелоп груп каде фигурира неговиот син. По основ на даноци компанијата долѓи над два милиони евра. Со сличен долг е и компанијата на блискиот роднина, односно бртатучед на поранешниот премиер Зоран Заев , Трајче Заев чива фирма Фероцем Плус ДОО Струмица должи два милиони евра за неплатени даноци кон државата.
Официјалните податоци велат дека фирмата е преименувана во Абира Плус само неколку месеци пред да пропадне Еуростандард банка, каде што и таму должела 360 илјади евра. Управител на фирмата е холандски државјанин. Најголем должник на УЈП е чешка фирма со руско сопствеништво кој не платил 3,5 милиони евра. Станува збор за фимата „СГСМ Оил Гас Сервис“.Инаку вкупниот долг кон УЈП е 130 милиони евра од страна на пет илјади компании.