Проблемите на германската економија ќе се почувствуваат и во Македонија

Лошите состојби во германската економија може дополнително да ја влошат и состојбата во македонскотот стопанство. Неколку месечното намалено индустриско производство а со тоа и извозот од земјава е само потврда дека бизнис реалициите со државите од Западна Европа се во минус.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е запознаен со проблемите со кои се случува најголемата европска економиоја Германија, и очекува тие негатини трендови, македонската економија да ги  почувствува следната година. 

„Очекувам дека ефектите што сега се случуваат во овој трет квартал во Германија ние ќе ги почувствуваме некаде на почетокот на втпориот квартал следната година.“ - рече Мицкоски.

Економистите од Европа не даваат оптимиостички сигнали за состојбата со германската економија, очекуваат на крајот од годинава германското БДП да порасне само 0,2 отсто. 

Во меѓувреме, официјалните податоци покажуваат дека во август индустрискотот производство во земјава е намалено за 1,6 отсто на годишно ниво. Ако се анализираат податоците може да се забележи дека од почетокот на годинава до јули во однос на истиот период лани намалувањето на индустиското производство изнесувало 3,9 отсто. Во јуни пак индустриското производство во однос на јуни лани се намалило за 6,5 отсто. Ваквиот негативен тренд на индустријата се отслика и во македонскиот извоз  Податоците на Државната статистика покажуваат дека има сериозен пад на вредноста на извезените производи во странство. 

„Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари - август 2024 година, изнесува 5 190 милиони евра и бележи пад од 5.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 341 милиони евра, што е за 0.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари - август 2024 година, изнесува 2 151 милиони евра.“ - Државен завод за статистика.

Економистите со години апелираат, на секоја влада, дека потребни се структурни реформи за продуцирање на производи со додадена вредност. Само на тој начин сметаат дека вистински ќе се направат напори за подобрување на состојбите во македонската економија.