Проблеми со нострификација на странска диплома - МОН е отворен за промени во системот доколку има потреба
Магистерската диплома која ја добил на студии во лондон не може да ја нострифицира во Македонија. 31 годишниот Стефан Трајковски со месеци вели дека се обидува да му се признае дипломата во образовниот систем во земјава.
Од министерството за образование велат дека за мастер диплома се потребни 300 кредити и поради разликата во кредитите помеѓу унверзитетите дома и во странство решението било одбиено, но остануваат отворени доколку има потреба во иднина да се променат условите во системот.

