Привремен престој во Северна Македонија за уште 67 граѓани на Авганистан
Foto

Привремен престој во Северна Македонија за уште 67 граѓани на Авганистан

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигна група од 67 граѓани на Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства.

-Продолжувајќи ја својата активна улога на солидарна земја, Северна Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти, соопшти владината прес-служба. 

По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

Цивилите, како што стои во соопштението, ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

Во Северна Македонија во моментов престојуваат 579 авганистански граѓани на кои институциите им ја пружаат потребната поддршка и помош. Од земјава до сега заминаа 141 цивил на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот.

0 Коментари

Остави коментари