Приведено лицето кое го симна знамето на МПЦ и постави знаме на Албанија во црквата на Попова Шапка

Вечерва е уапсено едно лице кое попладнево од црквата Свети Наум Охридски Чудотворец лоцирана на Попова Шапка, прво го симнал знамето на МПЦ - Охридска Архиепискоција а потоа поставил знаме на Албанија.

Извршителот на делото е пронајден и во моментов е во Полициска станица Тетово.

Настанот претходно, околу 18.00 часот денеска во СВР Тетово го пријавил свештеник од црквата на Попова Шапка. Во 18.05 часот во ЦИК-Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија, велат од МВР.