Приведено 25 годишно момче за убиство на жената во Струмица со која бил во роднинска врска

За убиството на 83 годишната жена во Струмица приведен е нејзин роднина. Како што соопшти МВР станува збро за 25 годишно момче кој во петокот попладне бил во нејзиниот дом побарал и не добил пари по што ја нападнал.

- Лицето П.И. (25) се сомничи дека на 20 ти јануари откако побарал и не добил пари од М.Б. (83) од Струмица со која бил во роднинска врска ја нападнал, а од здобиените повреди таа починала. Потоа лицето П.И. одзел пари и предмети од домот на жената од кои дел биле пронајдени при претресот извршен по наредба на ОЈО Струмица. - информираше полицијата кој соопшти дека лицето при службен разговор го признал делото.