Приведени татко и син запленети оружје и муниција во импровизирана работилница

Татко и син во во својот дом во скопска Топана си направиле импровизирана работилница каде изработувале и поправале оружје и муниција. Цел арсенал пушки, куршуми, муниција и делови за огнено оружје биле пронајдени при претресот на полицијата во домашните простории на семејството.

Таткото се наоѓал во викендица во с. Раштак, па полицијата дополнително и таму извршила претрес по претходно обезбедена наредба од Судија, а и таму пронашла огнено оружје и делови.

Двајцата скопјани А.Ј(46) и С.Ј(73) вчера се приведени под сомнение дека извршиле кривично дело за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Инаку ова е еден од некулкуте случаи годинава каде полицијата откри работилници каде се изработува оружје во земјава. Во јули годинава импровизирана работилница беше откриена во с. Љубин, а во март во Куманово се разби уште една каде што имаше недозволено оружје, делови и муниција.