Приведени четворица малолетници за крвавата пресметка во Бутел
Foto

Приведени четворица малолетници за крвавата пресметка во Бутел

Во вчерашниот крвав напад на тринаесет годишник кој беше избоден со нож во скопската населба Бутел, СВР Скопје ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Ггрупа малолетници вчера попладне на ул. „Александар Урдаревски“ физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишник со остар предмет го повредил 15-годишно момче, кое  по укажаната лекарска помош во градската општа болница „Свети Наум охридски”, бил пуштен на домашно лекување.

Набрзо потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото. Кривична пријава ќе биде поднесена и против таткото на 12 годишниот напаѓач  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, бидејќи неговиот син, кој има под 14 години, употребил остар предмет при вршење на кривичното дело.

0 Коментари

Остави коментари