Приведена Јасна Мандиќ
Foto

Приведена Јасна Мандиќ

Обвинителката Вилма Русковска вечерва пристигна во Кривичниот суд, а по неа во Судот беше донесена и Јасна Мандиќ, една од осомничените во истражната постапка против пет физички и едно правно лице, поради, како што се наведува, постоење основано сомнение за помагање при извршување на кривичното дело „измама“.

Мандиќ, е потпретседател на хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ и една од новоосомничените во проширената истрага за Рекет. За неа обвинителството бара мерка притвор.

Во истражната постапка што се спроведува по наредба на Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, првоосомничениот се сомничи дека сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, останатите лица се сомничат дека помагале при извршување на кривичното дело „измама“, а тројца од нив се сомничат дека помагале и при извршување на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

0 Коментари

Остави коментари