Приведен затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во затвор Идризово

Приведен затворски полицаец кој се обидел да внесе дрога во затворот Идризово. Според Министерството за внатрешни работи, во полициската станица Гази Баба, пријавено е дека при претрес кај вработен полицаец во затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога.

Осомничениоит е приведен и задржан во полициска станица, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.