Приведен струмичкиот бизнисмен Крмзов осомничен за сериозни финансиски злоупотреби
Полицијата го уапси струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, за кого обвинителството пред 9 месеци отвори предистрага, беа направени претреси, се одзеде документација, а финансиската полиција го чешлаше за злоупотреби со даночни исплати, царини и други финансиски дела.
Крмзов е лишен од слобода по насоки на Обвинителството за организиран криминал.
- Почитувани, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК полициски службеници реализираа акција во која е обезбедено лице за кое во септември минатата година беше отворена предистражна постапка. Освен ова лице обезбедени се уште две други лица. - ОЈО.
Минатата година во септември беше спроведена акција за даночно затајување во фирми во Струмица, Скопје и Гостивар поврзани со Крмзов. Во акцијата беа приведени четири лица. Обвинителството информираше дека е оформен предмет за даночна измама и за перење пари и дека се сослушани три лица, а за едно се предложени мерки за претпазливост.
Лицата беа пуштени на слобода, а судија на претходна постапка донесе одлука за одземање на патната исправа на бизнисменот Крмзов.
Мицковски и ВМРО ДПМНЕ имаа серија обвинувања за струмичкиот бизнисмен, Премиерот Христијан Мицкоски во ноември минатата година на еден од брифинзите кажа дек Крмзов направил злоупотреби тешки 15 милиони евра, а шемата допирала до политичари.
Од неговата партија пак додека беше во опозиција Крмзов го поврзаа со Еуростандард банка, ископ на јаглен во РЕК Битола, случајот „Синџир“, шверц на брендирана гардероба, поврат на ДДВ, но и близок со Зоран Заев, а неговиот хотел „Вила Парк“ во Струмица го нарекуваа „омиленото место на фамилијата Заеви за собирање рекет“.
Крмзов тврдеше истрагата е отворена за да му се наштети и преземат неговите бизниси бизнисот транспортот градежништво и шпедицијата.