Приведен осомничен за запалените возила на ЕВН во Тетово
Foto

Приведен осомничен за запалените возила на ЕВН во Тетово

Еден час по полноќ во центарот на Тетово целосно изгореа две возила во сопственост на ЕВН. И двете возила  биле со скопски регистарски таблички. Полицијата привела  43 годишен тетовчанец кој е осомничен дека ги подметнал пожарите. Тој бил приведен во близина на едно од двете места каде бил предизвикан  пожарот.

Во полицискиот извештај стои дека со запалива течност ги полил возилата и ги запалил. Од пожарот било зафатено и патничко возило „голф“со тетовски регистарски ознаки.

43 годишниот тетовчанец Кренар Османи заработи кривична пријава за опожарените возила, а во изјава за тв 21 вели дека тоа е, бидејќи во пресрет на протестите поради покачувањето на струјата напишал статус „Сакате игра, и ние ќе ја играме играта“. 

Енергетската компанија го осуди  инцидентот и најави поголема заштита за вработените и имотот. 

„Осудуваме секаков вид на насилстВо и вандализам. И покрај тоа што сторителот е уапсен, ЕВН презема мерки за заштита на своите вработени и имот. Имаме разбирање за мирни протести, иако не знаеме зошто се насочени против нас.“ - се наведува во соопштението.

Полицијата работи на расчистување на случајот со опожарените возила. Во меѓувреме во повеќе градови низ земјава се организирани протести против  поскапувањето на струјата за 7.4 отсто. Демонстрантите бараат итно поништување на одлуката на регулаторот, распуштање на комисијата и да се формира независно тело за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

0 Коментари

Остави коментари