Приведен гостиварец кој на фејсбук му се заканувал на премиерот
Foto

Приведен гостиварец кој на фејсбук му се заканувал на премиерот

28-годишен гостиварец е уапсен ноќеска на скопскиот меѓународен аеродром откако гостиварската полиција распишала внатрешна потерница по него. Уапсениот е осомничен за дело „загрозување на сигурноста“- преку фејсбук упатувал смртни закани за претседателот на владата Оливер Спасовски.

Од МВР објави дека приведениот е изведен пред судија на претходна постапка. За делото за кое е осомничен предвидена е затворска казна од една до 5 години затвор.

0 Коментари

Остави коментари