Приведен 70-годишен маж по пукање во хотел во Атланта

Вооружен маж со неколку различни оружја испукал најмалку 15 истрели низ ѕидовите, вратата и балконот на неговиот стан во хотелот Four Seasons во Атланта за време на престрелката попладнево и бил приведен, изјавија од полицијата.

-Седумдесет-годишниот осомничен употребил пиштол и сачмарка за време на пукањето, изјави началникот на полицијата во Атланта, Дарин Шербаум на прес-конференција.

Двајца полицајци возвратија со оган. Еден полицаец и осомничениот се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот. Засега властите не знаат дали некој од нив бил застрелан.

Полицајците добиле информации дека осомничениот бил вмешан во расправија со вработен во хотелот. Откако полицајците се обиделе да го натераат осомничениот да оди до вратата од неговата соба и мирно да се предаде, тој почнал да пука. Имал и неколку ножеви и фрлил најмалку едно оружје од балконот.

На крајот, осомничениот ги подигнал рацете, а екипа на специјалците отишла на неговата врата и го привела.

Полицијата ја опколи областа околу хотелот и издаде наредба за евакуација на жителите. Случајот се истражува како тежок напад.
Блиските улици во областа ќе останат затворени додека властите истражуваат, додаде полицијата.