Приведен 22 годишник баран по централна потерница за издржување казна затвор
Foto

Приведен 22 годишник баран по централна потерница за издржување казна затвор

На 04.11.2021 во 17.00 часот на ул.„23 Октомври" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим - потраги при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Е.Д.(22) од Скопје. За него била распишана

Централна потерница за издржување казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна. 

0 Коментари

Остави коментари