Приватните стоматолози протестираат пред МЗ, не добија поддршка од Стоматолошката комора
Под мотото „Да го вратиме нашето лично достоинство и достоинството на професијата“, приватните стоматолозите денеска излегоа на протест пред Министерството за здравство.
Бараат укинување на институтот матичен стоматолог,да се промени бројот на осигуреници, нов модел на финансирање и нов ценовник на стоматолошки услуги.
Предупредија дека се на работ на банкрот а многумина од нив ставиле клуч на врата и останале на улица.
Претходно министерот им ветил дека ке се формираат работни групи во кои ке има претставници и од Здружението и од стоматолошката комора за да се решат проблемите но досега немале средба.
На денешниот протест од Здружениоето побараа средба со министерот за здравство, нО одтаму не добиле одговор, а од ресорното министерство соопштија дека биле зафатени со работни обврски.