Приватните превозници го ставија протестот во мирување
Постојаните лаги кои ги шират надлежните за нас и немањето слух за нашите проблеми не револтира сите и затоа во петок ќе ги радикализираме протестите и ќе ги извадиме на улица сите автобуси со кои располагаме, велат приватните превозници.
Тие најавија дека ќе протестираат сѐ до исплаќање на долгот од повеќе од еден милион евра.
Според најавите на приватните превозници главниот град повторно ќе биде блокиран. Односно на клучните раскрсници низ градаот ќе бидат паркирани повеќе од 200 автобуси. Тие велат дека после седницата на Советот на Град Скопје на која присуствуваа вчера виделе дека и на сите советници им е повеќе од јасно дека неспособноста на градоначалничката и менаџментот на ЈСП се оние кои доведуваат до ваквите состојби.
Инаку во текот на вчерашниот дена седицата во град Скопје повторно со кавга и меѓисбени обвинувања, меѓу градоначалничката и советниците. Арсовска на истата седница најави дека ќе има нов јавен повик за приватните автобуски превозници, со цел, како што рече, тие што сакаат да работат да можат чесно да заработуваат.
И додека градската мајка и приватните превозници не можат да најдат заеднички јазик за да го решат проблемот и вработените во Слобода превоз и Мак експрес гладуваат, односно не земаат плата. Расте гневот и кај жителите на Скопје, тие револтирано коментираа дека мора да се најде друг начин за решавање на проблемите, затоа што на овој начин трпат само обичниот човек.