Приватните лекари не го прифаќаат новиот договор кои фондот за здравство им го нуди за следната година
Foto

Приватните лекари не го прифаќаат новиот договор кои фондот за здравство им го нуди за следната година

Приватните лекари одбиваат да ги потпишат новите договори за следната година кои Фондот за здравство им ги предложил. Тие се неприфатливи за нив, оти во договорите немало конкретни бројки, како приватните лекари ќе бидат платени идната година.

Според претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија Лилија Чолакова Дервишева, во договорите биле дефинирани само казните, но не и наградите за лекарите.

Приватните лекари уште еднаш ги повторија и старите барања до Фондот за здравство, пациентите да имаат договори за лечење со приватните здравствени организации, а не со одреден лекар.

Евентуалното заминување на лекарот бил огромен проблем при префрлањето на пациентите кај друг матичен доктор. Оние ординации кои немаат медицинска сестра да добијат администратор или бенефициран стаж за лекарот кој работи сам. Тие бараат и еднаков третман со лекарите од јавното здравство при користењето подолго боледување.

Се обративме во Фондот за здравство за став по обвинувањата на приватните лекари, но до затворањето на овие вести, одговор не добивме.

Приватните лекари сеуште не одлучиле што ќе прават ако Фондот не им ги прифати барањата. Не исклучуваат и протести, доколку Фондот остане глув на нивните повици.

0 Коментари

Остави коментари