Притвор за жената од Кратово која им наплаќаше влез на посетителите на Куклица
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација...
Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжуваше да го узурпира локалитетот „Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на природата, да им наплаќа влезници на посетителите без правен основ, да се расправа со нив и да им се заканува...
При последниот инцидент осомничената презела и дејствија на кривично дело – спречување службено лице во вршење службено дејствие, односно физички ги нападнала и спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат...

